Мисија и визија

Нашата визија

Слободен, плуралистички и самоодржлив медиумски сектор, почитуван од општеството, ослободен од сите форми на политичко влијание, во кој медимското законодавство е целосно усогласено со стандардите на ЕУ.

Нашата мисија

Центарот за развој на медиуми, како клучна невладина организација на полето на медиумското законодавство и политики, на македонското општество му нуди релевантни и одржливи медиумски политики и правна експертиза, и го надгледува спроведувањето на постоечката правна и политичка рамка од перспективата на слободата на медиумите и информациите.