Added by on 2015-05-29

Центарот за развој на медиуми, има чест и задоволство да Ве покани да учествувате на регионалната конференција „Медиумите и јавниот интерес – ризици и предизвици“, која ќе се одржи на 3 јуни 2015 година (среда), во хотелот „Холидеј ин”, сала Милениум 2, во Скопје, од 10 до 18 часот.

Оваа конференција е посветена на повеќе прашања поврзани со медиумите и нивниот однос кон јавниот интерес. Посебен акцент во дискусијата ќе биде ставен на тоа, како врз работата на медиумите и слободата на информирање, влијае се поприсутниот тренд на авторитарни форми на владеење во земјите од регионот, на значењето на истражувачкото новинарство во еден ваков општествен амбиент, но и на начинот на кој медиумите ги третираат и треба да ги третираат различните оштествени групи и заедници.

На Конференцијата, во четири засебни сесии, ќе говорат бројни гости од академската и медиумската заедница во регионот (Унгарија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора) и во земјава, како и претставници на меѓународни организации (Совет на Европа).

Се надеваме дека ќе ја прифатите поканата и дека со Вашето активно учество ќе ја збогатите дискусијата на оваа исклучително значајна тема.

Програмата на Конференцијата, со листата на говорници по сесии погледнете тука

Оваа конференција е дел од активностите кои Центарот за развој на медиуми ги спроведува во рамките на програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Република Македонија и Проектот за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера.

 

Категорија

Активности, Актуелно