Added by on 2010-12-22

101_1257_224323854ЦРМ организираше дебата „Индекс на одржливост на медиумите во Македонија 2010“, која се одржа на 17ти Декември 2010 година во Клуб на новинари во Скопје
ЦРМ организираше дебата „Индексот на одржливост на медиумите во Македонија“, која се одржа на 17ти Декември 2010 година во Клубот на новинари во Скопје. На дебатата учествуваа менаџери и новинари од телевизиите и радиата, новинари од печатените медиуми и претставници од НВО. Целта на оваа дебата беше да се даде оценка за степенот на заштита на слободата на говор, професионалното новинарство, мнозинството на нови извори на вести, бизнис менаџментот, и соодветните институции.
Дискусиите од оваа дебата заедно со оценките ќе бидат употребени во извештајот кој ЦРМ го подготвува за IREX Вашингтон, и ќе биде дел од финалниот извештај кој ja опфаќа анализата на условите во кои се наоѓаат независните медиуми во 80 земји од светот.

Категорија

Активности