Added by on 2015-03-31

Debata 1Центарот за развој на медиуми, на 2 април 2015 година, четврток, во хотелот Холидеј Ин (сала Милениум 2), во Скопје, со почеток во 11 часот, организира двочасовна дебата на тема Каков медиумски систем ѝ е потребен на Македонија?

Имајќи ја предвид актуелната политичка состојба, како и состојбата со медиумите и новинарството во државата, учесниците на дебатата ќе дискутираат за тоа кои се основните предуслови и услови за воспоставување систем кој ќе обезбеди слободно функционирање и развивање на медиумите како и, слободно и професионално практикување на новинарската професија во Македонија.

Во дискусијата која ќе ја модерира Ида Протуѓер Вељковиќ, ќе учествуваат: Саше Димовски, Горан Гаврилов, Зоран Фидановски, Бранко Героски, Зоран Бојаровски, Сашо Орданоски, Сефер Тахири и Петрит Сарачини.