Центарот за развој на медиуми, во рамките на Проектот на УСАИД за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера, организира дебата на тема „Медиумите во изборното законодавство“, што ќе се одржи во четврток, 12 септември 2013 година, во салата „Милениум“ на хотелот Холидеј Ин во Скопје, со почеток во 10:00 часот.
На дебатата ќе се разговара за потребата од измени во медиумското и изборното законодавство, во деловите што се однесуваат на медиумското покривање на изборните кампањи и медиумската презентација на кандидатите што се натпреваруваат на изборите, а во пресрет на претстојните измени на изборното законодавство на РМ, во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХР.
Центарот за развој на медиуми подготви Документ за јавна политика со предлози за интервенции во делот од постоечкото законодавство што се однесува на медиумското покривање на изборите, а дискусиите од дебатата ќе бидат собрани и во форма на заклучоци ќе бидат доставени, заедно со Документот за јавна политика, до сите актери вклучени во процесот на подготовка на измени на изборното законодавство.
Центарот за развој на медиуми ги повикува сите заинтересирани да се придружат на дебатата.
За сите дополнителни прашања, контактирајте не по електронска пошта на адресата info@mdc.org.mk или по телефон на 02/3136 340.