Added by on 2014-12-04

Naslovna od izvestaj slikaЦентарот за развој на медиуми (ЦРМ), на 4 декември (четврток) 2014, во хотелот Стоун Бриџ, со почеток во 11.00 часот, организира дебата на која ќе биде претставен документот на ЦРМ за јавна политика  „Од МРТ до независна јавносервисна радиодифузија во Македонија“, чиј автор е комуникологот д-р Климе Бабунски.

Дискусијата која ќе биде посветена на потребата од независен јавен радиодифузен сервис во Македонија, ќе ја модерира новинарката Санта Аргирова, а панелисти ќе бидат Снежана Трпевска од Високата школа за новинарство; комуникологот Сефер Тахири; претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани и Драган Антоновски од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

Документот за јавна политика е произведен во рамките на  проектот на УСАИД за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера,