Центарот за развој на медиуми, за потребите на “Програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија, Проект за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера”, има потреба од: континуирано следење и анализи на јавната дебата во медиумите за медиумската легислатива, слободата на медиумите и слободата на изразување; спроведување интервјуа и организирање фокус групи на засегнати страни во медиумската сфера и периодични анализи на програмата на јавниот радиодифузен сервис.
ЦРМ ги поканува граѓанските организации кои имаат повеќегодишно искуство, експертиза и сопствени човечки технички капацитети за континуирано следење и анализа на медиумите и слободата на изразување, да достават понуда за реализација на потребните активности.
За повеќе детали погледнете го целосниот оглас во прилог.