Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, Цивил – Центарот за слобода, Здружението на граѓани Контрапункт Скопје, НВО Инфоцентарот, Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), Институтот за слободна мисла НИСМА, Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), Метаморфозис – Фондација за интернет и општество, Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, Здружението за нови политики и слобода на медиумите Јавност Скопје и Порталот ОКНО, здружени во неформалната Гражанска коалиција „Фронт за слобода на изразувањето, на 3 април 2013 година, поднесоа „Иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на закон и на одредби од закон.
Коалицијата го повикува Уставниот суд да поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета
(„Службен весник на Република Македонија“ број 143/2012).
Целиот текст на Иницијативата е приложен кон оваа статија.