Центарот за развој на медиуми, во рамките на програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Република Македонија и Проектот за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера, во периодот јануари – март 2015 година, ги набљудуваше судските постапки, поведени според Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, пред Основниот суд Скопје 2 Скопје.
Имајќи го предвид фактот дека Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета е од исклучително значење за слободата на изразување и слободата на медиумите во Република Македонија, како и неизвесноста од ефектите на неговата имплементација, Центарот за развој на медиуми, континуирано ги мониторира судските случаи за навреда и клевета во кои се вклучени новинари, уредници и медиуми, но и случаите во кои како странки се јавуваат и државни функционери.
Покрај директното следење на овие предмети и присуството на одржаните рочишта, ЦРМ е во постојан контакт и со Апелациониот суд во Скопје, во однос на тоа дали тој се има изјаснето по жалбените постапки за веќе донесените пресуди од Основниот суд.
Мониторингот се фокусира на спроведувањето на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, постапувањето на судиите при примената на материјалниот и процесниот закон во судските постапки, примената на праксата на Европскиот суд за човекови права, на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, како и на другите меѓународни документи и принципи за заштита на слободата на изразување.
Целиот извештај можете да го погледнeте тука.