Added by on 2020-07-27

Процесот на медиумски реформи, заснован на препораките на експертите од Европската Унија содржани во Извештајот на Прибе и во Итните реформски приоритети на ЕУ, се одвива споро и, засега, стихијно. Од друга страна, видливо е дека нивото на злоупотреби на политичката и економската моќ за да се придобијат или да се принудат на „соработка“ медиумите повеќе зависи од волјата и желбата на оние што ја имаат политичката моќ и власт државата да ја злоупотребат постоечката ситуација на ниска, ако воопшто ја има, одржливост на медиумскиот пазар, пред сè, на пазарот на аудиовизуелни медиумски услуги.

Македонскиот медиумски пазар е презаситен од самите почетоци на неговиот развој во првата половина на 1990-те години. Обиди за регулаторно консолидирање на пазарот и негово сведување на број на играчи што тој може да ги издржи, истовремено обезбедувајќи и повисок квалитет на програмската понуда и содржините што им се нудат на гледачите немаше. Од самиот почеток беше усвоена политиката дека за тоа ќе се погрижи саморегулаторната „рака на пазарот“ и дека оние што нема да можат да ја издржат конкурентската борба, брзо ќе затворат и ќе исчезнат.

Овој документ е обид на Центарот за развој на медиуми, со финансиска поддршка од Програмата МАТРА на Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, да ја анализира постоечката ситуација, да собере на едно место што е можно повеќе податоци за пазарот и начинот на неговото функционирање и да понуди можни решенија што би придонеле за елиминација на проблемот.

Документот е достапен за снимање на следниот линк:

Како до консолидација на пазарот на аудиовизуелни медиумски услуги