Added by on 2013-08-16

downloadЦентарот за развој на медиуми, во рамките на активностите насочени кон подобрување на предложеното ново медиумско законодавство во Република Македонија, побара мислење за Предлог-законот за медиуми и Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од меѓународната организација за заштита на слободата на изразување „Артикл 19“ (ARTICLE 19) од Лондон.

ARTICLE 19, на наше барање, даде и мислење за првично предложениот единствен Закон за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги, и нивните наоди беа претставени на конференцијата „Иднината на медиумската регулатива во Македонија“, што Центарот за развој на медиуми ја организираше на 27 мај оваа година.

Во прилог Ви ги доставуваме двете писма на ARTICLE 19 со коментари на Предлог-законот за медиуми и на Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на англиски јазик, заедно со превод на македонски јазик.

На овој линк можете да ја прочитате и статијата објавена на интернет страната на ARTICLE19.

Letter Macedonia Audiovisual Law final

Letter Macedonia Media Law Final

pismo article 19 zakon za audiovizuelni

pismo zakon za mediumi article 19