Added by on 2013-05-22

logo

Центарот за развој на медиуми, во рамките на своите активности за имплементирање на “УСАИД Програмата за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера”, ја организира конференцијата „Иднината на медиумската регулација во Македонија“. Конференцијата ќе се одржи на 27.05.2013 (понеделник) во хотел “Александар Палас” со почеток во 10 часот (Конгресна сала 3).

На конференцијата ќе се разговара за нацрт-Законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги, подготвен од страна на Министерството за информатичко општество и јавна администрација; а ќе биде презентирана и Анализата на нацрт-Законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги, подготвена од страна на Центарот за развој на медиуми.

На Конференцијата ќе присуствуваат гости од релевантни меѓународни институции: Бојко Боев од меѓународната организација за слободата на изразувањето ARTICLE19 од Лондон, Велика Британија; и Ејми Брулет (Amy Brouillette), од Централноевропскиот универзитет од Будимпешта, Унгарија.

Целта на Програмата за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера, во чиј рамки се организира конференцијата, е зајакнувањето на слободата на медиумите во Македонија, како и вградувањето на меѓународните стандарди во домашната медиумска регулаторна рамка.

Категорија

Активности