Added by on 2013-09-11

MDC_Logo mkЦентарот за развој на медиуми во периодот од јануари до август 2013 година спроведе сеопфатна анализа на состојбата на медиумите во подзаконските акти, односно се изврши анализа на сите аспекти со кои се задира во позицијата и работењето на медиумите.

Целта на оваа анализа насловена како „Медиумите во македонската подзаконска регулатива“ е да се утврди како подзаконските акти го регулираат работењето на медиумите, односно да се идентификува начинот на кој овластените субјекти задираат во работата на медумите и извршувањето на нивната општествена функција.

Анализата тргнува од проучување на усогласеноста на подзаконските акти со Уставот и законите. Меѓу другото, се утврдува и конзистентоста на подзаконските акти со меѓународните стандарди и потреби на општеството. Анализата ги лоцира позитивните, а  особено негативните страни, односно празнини во подзаконската регулатива потребна за ефикасна имплементација на законодавството. Притоа, Анализата дава препораки за надминување на детектираните слабости, односно соодветна интервенција во законските и подзаконските акти, но и практиката на релевантните субјекти.

Анализата е финансиски поддржана од УСАИД како дел од проектот „Зајакнување на независните медиуми во Македонија.“

ЦРМ_АНАЛИЗА на медиумите во подзаконските акти_2013