Added by on 2020-08-18

Фондацијата „Томсон медиа“, во рамките на проектот „Зајакнување на квалитетните вести и независносто новинарство во Западен Балкан и Турција“, што го спроведува конзорциум од организации предводен од „БИРН Хаб“, организира онлајн курсеви за мобилно новинарство и прилагодување на содржини за различни медиумски платформи.

Фондацијата „Томсон медиа“ ве повикува да се пријавите за учество на курсот „Мобилно новинарство“, што ќе го води познатиот новинар Александар Манасиев, водечки тренер на „Томсон медиа“.

Во неколку сесии, што нема да ви одземат повеќе од четири часа ефективна работа, ќе се стекнете со нови знаења за основите и предностите на мобилното новинарство; како да превземете контрола врз камерата на вашиот мобилен телефон; како да снимите квалитетни фотографии, аудио и видео снимки со вашиот паметен телефон; и како да монтирате новинарски приказни со бесплатни апликации на вашиот мобилен телефон.

За повеќе информации за онлајн курсот за мобилно новинарство, контактирајте ја Маја Васиќ-Николиќ на адреса majavn@thomsonfoundation.org, или посетете ја интернет страната посветена на онлајн курсот на адреса https://thomsonfoundation.edcastcloud.com/learn/self-paced-6948.