Added by on 2014-11-06

Од дебатата организирана по повод објавувањето на Првиот квартален извештај

Од дебатата организирана по повод објавувањето на Првиот квартален извештај

Во рамките на  проектот на УСАИД за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера, во петок, 7 ноември  2014 година, во Клубот на новинарите, со почеток во 11.00 часот, Центарот за развој на медиуми организира дебата на која ќе биде претставен третиот извештај од мониторингот на судските случаи за навреда и клевета.

На дебатата со наслов „Навредата и клеветата – јамка за слободата на изразување?“ како панелистка ќе учествува и Нани Јансен, директорката за правни прашања на организацијата Media Legal Defence Initiative (МЛДИ) од Лондон. Нани Јенсен е правник и адвокат која активно работи на заштита и застапувањето на новинарите во светот, пред домашните и меѓународните судови.

МЛДИ, во соработка со Центарот за развој на медиуми, веќе неколку години континуирано им обезбедува правна помош и на новинарите во Република Македонија.

На дискусијата што ќе ја модерира новинарот Саше Димевски, како панелисти ќе учествуваат и адвокатот Филип Медарски, уредничката на неделникот „Фокус“, Јадранка Костова, уредникот на Слободен печат и Плусинфо.мк, Бранко Героски, уредникот на порталот „Либертас“, Ацо Кабранов, новинарот Синиша Станковиќ и претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани.