Added by on 2016-01-20

Центарот за развој на медиуми, на 21 јануари 2016 година, четврток, во хотелот „Бест Вестерн Турист“ (сала Амбасадор), во Скопје, со почеток во 11 часот, организира двочасовна дебата на тема: Информативните медиуми на интернет и медиумското законодавство

На дебатата ќе биде претставен документот за јавна политика „Информативните медиуми на интернет и медиумското законодавство“, подготвен од Центарот за развој на медиуми со цел да се придонесе за подобрување на правниот статус на оние медиуми и новинари што објавуваат исклучиво на интернет и другите нови дигитални платформи.

Дискусијата ќе ја модерира Петрит Сарачини, а ќе учествуваат Бојко Боев, меѓународен експерт по медиумско право од Лондон, Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис, Александар Кабранов од Либертас.мк, Александар Дамовски од МКД.мк, и Јован Димитров од Блогираме.мк.

Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите на телефонскиот број (078) 483 102 или на e-mail адресата: info@mdc.org.mk.