Added by on 2016-01-27

Online mediumi CoverПојавата на интернетот придонесе за влез на многу нови играчи во областа на информирањето на јавноста за дневно-политичките настани, економските текови и други прашања од интерес за пошироката јавност.

Покрај новинарите што и формално го носат таквото звање, а одбрале своето известување да го објавуваат на интернет, на сцената стапија и голем број нови играчи, како што се блогерите и граѓанските новинари. Иако самите себеси можеби не се нарекуваат новинари, тие во голем број случаи de facto се занимаваат со новинарство, сфатено првенствено како известување на јавноста за прашања од нејзин интерес.

Македонија, која традиционално ја регулираше само радиодифузијата, во 2013 година го напушти тој концепт и усвои и општ Закон за медиуми. Благодарејќи на притисокот на дел од медиумската заедница во земјата, Законот ги изземаше информативните и сите останати медиуми на интернет. Таквата ситуација придонесе за неколку проблеми што се јавија подоцна.

Овој документ е обид на Центарот за развој на медиумите – Скопје да даде свој придонес кон усвојувањето ефективни и добри медиумски политики, особено во областа на регулирањето на работата на медиумите и новинарите што своето известување и своите мислења ги објавуваат исклучиво на новите дигитални платформи.

Издавањето на овој документ за јавни политики е помогнато од Фондацијата отворено општество Македонија (ФООМ).

Информативните медиуми на интернет и медиумското законодавство во РМ