Added by on 2013-05-14


images
Индексот на одржливост на медиумите на IREX нуди длабинска анализа на ситуацијата во која се наоѓаат медиумите во 80 држави во светот.

Кон крајот на април оваа година, IREX го објави Индексот на одржливост на медиумите за Европа и Евроазија за 2013 година.

Индексот дава преглед на состојбата по пет прашања кои непосредно се поврзани со одржливоста на медиумите, односно целокупниот медиски систем во една држава: слободата на говорот; професионалното новинарство; плурализмот на извори на вести; деловното управување; и институциите за поддршка.

Секоја година IREX бира една или две теми што се јавуваат во повеќе од едно поглавје и дава преглед на трендовите и споредбени анализи на најновиот развој на настаните на дадената тема.
Во годинешнов извештај, IREX се осврнува на преминот на публиката и пазарите од традиционалните кон новите медиуми, нешто што во измината деценија го сврте наглава медиумскиот бизнис на Западот, а сега се прелева кон источните делови од регионот, каде што предизвикува сериозни последици како за медиумскиот бизнис, така и за професионалноста и плурализмот на медиумите.
Македонија во извештајот е рангирана помеѓу државите што имаат „Неодржлив мешан систем“, заедно со Белорусија, Азербејџан, Казахстан, Киргистан, Русија, Србија, Таџикистан и Украина.
Целиот извештај прегледајте го на интернет страната на IREXили снимете го како атачмент: Europe & Eurasia MSI 2013