Added by on 2015-11-10

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), во периодот јули – септември 2015 година, следејќи ја примената на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ) и Законот за медиуми (ЗМ), ја набљудуваше работата на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и работата на Македонската радиотелевизија (МРТ).

Примената на законите главно се анализира преку влијанието што законските одредби го имаат врз надлежните институции и медиумите. Во однос на набљудувањето на работата на АВМУ и на МРТ, во овој период, поблиску беше следен процесот на избор на дел од органите, начинот на работа, но и транспарентноста и отчетноста во нивната работа.

Како алатки за набљудување беа употребени: непосредното следење на седниците на АВМУ и на Собранието (оние кои се однесуваат на спроведувањето на медиумските закони), анализа на документите објавени на интернет страниците на институциите, правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, како и непосредна комуникација со засегнатите страни.

ЦРМ овој мониторинг го спроведува во рамките на Програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија, Проект за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера.

Целиот извештај можете да го погледнeте тука.