Added by on 2016-02-09

Javno Imformiranje na vladata CoverВладата на Република Македонија неколку години по ред беше меѓу водечките, или водечки купувач на рекламен простор во медиумите во Македонија. На поче¬токот од јули 2015 година, Владата воведе мораториум на комерцијалното рекла¬мирање на владините кампањи во медиумите.

Владините рекламни кампањи финансирани со јавни пари претставуваа најдобар „легален“ начин за „корумпирање“ на медиумите, со цел Владата да обезбеди ди¬ректно влијание врз уредувачката политика на медиумите. Притоа, за многу малку од владините реклами, финансирани со јавни пари, може да се каже дека се одне¬суваат на некаков јавен интерес, и претставуваа промоција на идеолошки вредно¬сти на водечката партија во владината коалиција.

Овој документ за јавни политики е придонес на Центарот за развој на медиумите кон обидите за реконсолидирање на македонскиот медиумски систем, во рамките на преговорите за итните системски реформи што произлегуваат од „Договорите од Пржино“ од јуни и јули 2015 година, но и во натамошните напори во Македонија да се воспостави отворен, демократски и плуралистички медиумски систем.

Документот, во ПДФ формат, е приложен кон оваа статија.

Кампањи за јавно информирање на Владата и државните институции