Added by on 2014-05-29

sudski-registar

Советот на министри на Европската Унија, во рамки на состанокот на министрите за надворешни работи одржан на 12 мај 2014 година, ги донесе Насоките на ЕУ за онлајн и офлајн заштита на слободата на изразување.

Согласно насоките, ЕУ во иднина ќе ја разгледува слободата на изразување низ повеќе призми, и на сите ќе им даде подеднакво важно значење: Борба против насилството, кривичното гонење, вознемирувањето и заплашувањето на индивидуите, вклучувајќи ги новинарите и останатите медиумски актери, со цел да ја заштити нивната слобода на онлајн и офлајн изразување, како и борба против неказнувањето на овие прекршувања; Промоција на правни акти и добри практики кои ги штитат слободата на мислата и слободата на изразувањето; Промоција на плурализмот и слободата на медиумите, како и развивање свест и разбирање кај властите за опасноста од неовластено спречување на независното/критичкото известување и други.

Текстот на Насоките на англиски јазик е приложен, и можете да го погледнете на следниот линк EU Human Rights Guidelines on Freedom of Expression Online and Offline