Added by on 2014-12-18

???????????????????????????????Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) ги претстави, на прес-конференција одржана денес, 18 декември 2014 година, Принципите за фер употреба на туѓи авторски дела во известувањето на онлајн медиумите.

Принципите за фер употреба се обид да се понуди еден вид на договор во медиумската сцена на интернет, а со цел да се одговори на горливото прашање на секојдневното користење на туѓи авторски дела во известувањето, на начини кои во најголем дел далеку го надминуваат тоа што е дозволено со македонското законодавство за авторското право и сродните права.

Принципите се засновани на начелата на доктрината за „фер употреба“, на одредбите од Законот за авторското право и сродните права на РМ, но и на добрите обичаи и пракси на новинарската професија.

Принципите за фер употреба на туѓи авторски дела беа изготвени во еден подолг период на консултации во рамките на работна група која беше основана за таа цел. Во работната група свои претставници имаа 11 информативни веб-страници и портали, при што ЦРМ внимаваше свои претставници да имаат и тематски специјализирани онлине медиуми, како и онлајн медиуми со седиште надвор од Скопје.

Принципите можете да ги погледнете и поддржите и на интернет страната ferupotreba.mdc.org.mk.

Иницијативата е поддржана од Проектот на УСАИД за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера и од Фондацијата Отворено општество Македонија.

(Фотографија: Билјана Јордановска/Цивил – Центар за слобода)