Added by on 2014-03-05

„Прирачникот за новинарство засновано на податоци“, приреден од Џонатан Греј, Лилијана Бунегру и Луси Чејмберс, изворно е издание на Фондацијата „Отворено знаење“ и на „Европскиот центар за новинарство“.

„Прирачникот“ е обид на новинарите што работат во Македонските медиуми, но и на граѓаните на Македонија воопшто, да им го приближи новинарството засновано на податоци.

„Прирачникот за новинарство засновано на податоци“ е корисна алатка, помагало во работата за новинарите, со многу примери на успешно користење на техниките на дата-новинарството од целиот свет. Тој не нуди само успешни приказни од западните земји со развиена медиумска сцена и медиумска култура, туку и од земји како што се Бразил и Нигерија.

Прирачникот нуди и многу практични примери, онлајн и офлајн алатки, интернет страници на кои можете да ги пронајдете таквите алатки, како и охрабрување за оние што штотуку навлегуваат во работата на полето на новинарството засновано на податоци.

Македонското издание на оваа значајна книга го подготви Центарот за развој на медиуми, финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ).

“Прирачникот за новинарство засновано на податоци“, како PDF датотека, е приложен кон оваа статија.

????????????

Прирачник за новинарство засновано на податоци