Added by on 2016-06-20

kniga-koricaИнтернет, од својата појава, претставува огромен извор на информации од сите области на општествениот живот. Богатството од податоци и информации им користи и на новинарите, а особено на истражувачките новинари во подготовката на нивните извештаи.

Сепак, отвореноста на интернет за сите корисници, неговата интерактивна природа, и можноста што на луѓето им ја нудат социјалните мрежи и медиуми сите да бидат известувачи во одреден момент и на одредена локација, бара од новинарите да обрнат особено внимание на потврдата и верификацијата на изворите на информации што ги користат на интернет.

Прирачникот за верификација во истражувачкото новинарство, издание на Европскиот центар за новинарство, е наменет примарно за истражувачкит новинари, но и за сите други новинари што се соочуваат со прашањата на веродостојноста и точноста на нивните онлајн извори. Прирачникот е збирка на корисни совети и студии на случај, подготвени од искусни новинари и уредници со долгогодишно искуство на работа во традиционални и онлајн медиуми.

Прирачникот, во PDF формат, е приложен кон оваа статија (на македонски и на англиски јазик).

Прирачник за верификација во истражувачкото новинарство