Added by on 2014-08-08

CRM [ Navreda i kleveta 02 ] cover MKD croppedЦентарот за развој на медиуми, во рамките на програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Република Македонија и Проектот за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера, во периодот од 1 март, до 15 јуни 2014 година, ги набљудуваше судските постапки, поведени според Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, пред Основниот суд Скопје 2 Скопје.

Мониторингот главно се фокусира на спроведувањето на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, постапувањето на судиите при примената на материјалниот и процесниот закон во судските постапки, примената на праксата на Европскиот суд за човекови права, на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, како и на другите меѓународни документи и принципи за заштита на слободата на изразување, како и работата на судските служби.

Во периодот, од 1 март до 15 јуни 2014 година, Центарот за развој на медиуми, пред Основниот суд Скопје 2 Скопје, следеше 40 судски предмети, во над 60 рочишта.

Покрај директното следење на судските предмети, ЦРМ е во постојан контакт и со Апелациониот суд. Тимот на ЦРМ набљудува дали Апелациониот суд има донесено правосилни пресуди односно дали се има изјаснето по жалбените постапки од пресудите на Основниот суд.

Сепак, досегашната пракса покажува дека постои разлика во работата на судиите кога станува збор за судски процеси во кои се инволвирани државни функционери наспроти случаите во кои нема нивна вклученост, ниту како тужетели, ниту како тужени. Кога се работи за случаи во кои како една од страните се јавуваат државни функционери односно политичари видливо е дека тие се одвиваат побрзо односно постои тенденција за поитно постапување на судот, а примената на Европската конвенција и праксата од Стразбур е недоследна и во насока на поголема заштита на честа и угледот на функционерите.

Извештајот, заедно со заклучоците од дебатата одржана на 11 јули 2014 година, е приложен како PDF документ.

CRM Izvestaj br.2 Navreda i kleveta Juli 2014