Added by on 2014-04-01

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), во рамките на програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Република Македонија и Проектот за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера, спроведува континуиран мониторинг на примената на новите медиумски закони во Република Македонија – Закон за аудио и аудивизуелни медиумски услуги (ЗААМУ) и Закон за медиуми (ЗМ).

ЦРМ, едновремено, во контекст на овие закони, ја набљудува и работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), на Македонската радиотелевизија (МРТ) и на Собранието на Република Македонија. Примената на законите се мониторира од аспект на тоа какво е нивното влијание врз функционирањето и работата на медиумите и новинарите односно врз слободата на медиумите и слободата на изразување.

Овој извештај го опфаќа периодот од стапувањето во сила на законите, односно од 3 јануари до 15 март 2014 година.

Интегралниот текст на извештајот, како PDF документ, е приложен кон оваа статија.

Monitoring-of-the-new-media-legislation-MKD.jpg