Added by on 2014-04-10

Центарот за развој на медиуми, за потребите на Програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија, Проект за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера,  има потреба од: континуирано следење и анализи на јавната дебата во медиумите за медиумската легислатива, слободата на медиумите и слободата на изразување; спроведување интервјуа и организирање фокус групи на засегнати страни во  медиумската сфера и периодични анализи на програмата на јавниот радиодифузен сервис. 

ЦРМ ги поканува граѓанските организации кои имаат повеќегодишно искуство,  експертиза и сопствени човечки технички капацитети за континуирано следење и анализа на медиумите и слободата на изразување, да достават понуда за реализација на потребните активности.

За повеќе детали погледнете го целосниот оглас во прилог.

CRM Oglas za sobiranje ponudi