Added by on 2017-10-17

Центарот за развој на медиуми ги повикува невладините организации од Скопје и Скопскиот регион да се пријават за учество во обуката „АВМУ и МРТ во медиумскиот систем на РМ: поставеност, отчетност и влијание на јавноста“.

Обуката ќе се фокусира на местото што двете институции директно задолжени за спроведување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го имаат во националниот систем за радиодифузија, нивните законски обврски и обврските во заштитата на интересите на јавноста и граѓаните, и можностите за влијание и барање отчетност што им стојат на располагање на граѓаните и на јавноста.

Работилницата е првиот чекор во процесот на формирање на неформална група на организации од различни области што се заинтересирани за следење и влијание врз работата на АВМУ и МРТ, а со цел да обезбедат остварување на интересите на нивните конституенти, како и на јавноста во целина.

Обуката ќе ја спроведуваат претставници на ЦРМ и Д-р Климе Бабунски од организацијата ПРО МЕДИА, од Скопје.

Обуката ќе се одржи во Клубот на новинарите во Скопје, на 30 октомври и 1 ноември 2017 година.

За обуката има 15 слободни места. Ве молиме потврда за учество на вашата организација со името на учесникот да ни испратите до вторник, 24 октомври 2017 година, до 17.00 часот на адреса dejan@mdc.org.mk.

Центарот за развој на медиуми ќе организира посебна работилница за обука на истата тема за организации од другите општини и региони.