Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), утре, 18 декември (четврток) 2014 година, во Клубот на новинарите, во 11 часот, ќе организира прес-конференција на која ќе бидат претставени „Принципите за фер употреба на туѓи авторски дела во известувањето на онлајн медиумите“.
Принципите за фер употреба се документ за саморегулација на интернет медиумите, кој претставува одговор на горливото прашање на секојдневното користење туѓи авторски дела во известувањето на медиумите и непочитувањето на авторското право и сродните права.
Овие принципи се засновани на начелата на доктрината за „фер употреба“, на одредбите од Законот за авторското право и сродните права, но и на добрите обичаи и пракси во новинарската професија.
Принципите за фер употреба на туѓи авторски дела се резултат на еден долг период на консултации во рамките на медиумската интернет сцена, во кој беа вклучени 11 онлајн медиуми.
Иницијативата за изработката на овие Принципи е дел од проектните активности наменети за подобрување на професионалните стандарди во известувањето на новите медиуми подржани од проектот на УСАИД за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера и од Фондацијата Отворено општество Македонија.