Added by on 2013-09-06

BDD_9317Активистите на невладината организација Цивил – Центар за слобода денеска, 6 септември 2013 година, со сатиричен перформанс, ја промовираа „Ние сме вистината“, изворна провладина милитантна организација за поддршка на вистината и на „Ренесансната влада на Република Ренесанс, под водство на Ренесансната Партија и од мудроста и доблеста на Лидерот“.

„Организацијата НИЕ СМЕ ВИСТИНАТА се бори против слободата, човековите права, правдата и еднаквоста. Ние ги спакувавме овие бесмислици во блиндирани кутии со цел да ги потопиме во Светата Река во знак на поддршка на прекрасната, розова иднина на оваа древна нација“, се вели во платформата на „Ние сме вистината“ што за медиумите ја прочита Џабир Дерала од Цивил – Центар за слобода.

Перформансот, организиран во рамките на проектот „ПРОГОВОРИ!“, се обидува на сатиричен и длабоко ироничен начин да го сврти вниманието кон се полошата состојба во која се наоѓаат слободата, човековите права, правдата и еднаквоста во Македонија.

„Не си слободен сé додека не станеш член на Ренесансната Партија“; „Ти немаш човекови права се додека не ги заслужиш со тоа што станес потполно послушен на Лидерот“; „Не постои Правда поинаква од онаа што ја спроведува Ренесансниот правен систем“; „Не постои Еднаквост“; се пораките содржани во прочитаната платформа.

НИЕ СМЕ ВИСТИНАТА ја пофали „Ренесансната Влада на Република Ренесанс“ затоа што помеѓу „другите прекрасни работи… ги насади жалните врби кои ги симболизираат Љубовта, Верата и Надежта во Светата Река“.

„Тоа и треба на оваа древна нација – Љубов, Вера и Надеж, а не некои бајки како што се слободата, човековите права, правдата и еднаквоста“, се вели во платформата на НИЕ СМЕ ВИСТИНАТА.

„Активистите“ ги фрлаат слободата и човековите права во Светата Река

„Активистите“ ги фрлаат слободата и човековите права во Светата Река

На крај од перформансот, кутиите во кои симболично беа затворени слободата, човековите права, правдата и еднаквоста беа фрлени во „Светата река“ од страна на „активистите“ на „Ние сме вистината“.

„Проговори!“ е проект за јакнење на јавната свест и солидарност за човековите права и слободи во Република Македонија. Главни носители на проектот на Цивил – Центарот за слобода се независни уметници и интелектуалци што во наредните месеци ќе се претстават со дела кои се поглед во состојбите и процесите во општеството. Проектот е поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

WE ARE THE TRUTH platform – handout 01 MK

speak up handout 01 MK

Категорија

Вести од партнери