Added by on 2021-03-02

Технологијата влијае врз светот на медиумите и постојано го менува. Една од тие промени е потребата да се размислува и да се работи на повеќе платформи наеднаш, креирајќи ангажирана новинарска содржина за поголема публика.

Фондацијата „Томсон“ го подготви овој курс за да ви помогне да ги научите основите на промените во светот на медиумите, промените во навиките на публиката во денешно време и за тоа каква содржина бара и очекува денешната публика, каде ја очекува таа содржина, на кои платформи и во кое време.

Ќе научите како треба да реагираат медиумските организации на овие промени и кои се најдобрите практики за таргетирање публика на различни платформи.

За повеќе информации и регистрација, посетете го линкот на програмата Новинарство на повеќе платформи.