Added by on 2013-05-28

MDC_Logo mkЦентарот за развој на медиуми подготви анализа на Нацрт- Законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги кој беше објавен од страна на Владата на 8 април 2013 година, кој беше подготвен зад затворени врати, без консултација на стручната јавност.

Притоа, Владата воопшто не ја отвори дебата за потребата од ваков закон, земајќи предвид дека во досегашниот правен систем на РМ , освен радиодифузијата, останатите типови на медиуми и работата на новинарите никогаш не биле предмет на регулација.

Анализата се фокусира на Нацрт- Законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги од аспект на усогласеност со меѓународните стандарди и правото на ЕУ или поточно со Директивата на ЕУ за аудиовизуелни медиумски услуги, Конвенцијата за прекугранична телевизија и препораките и резолуциите на Советот на Европа.

Во анализата содржана во овој документ се изземени одредбите за јавниот радиодифузен сервис и радиодифузната такса кои ќе бидат предмет на посебна анализа.

Оваа анализа ги лоцира недостатоците на предложениот Нацрт-закон за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги и дава препораки за нивно надминување. Целта на анализата е да се придонесе за донесување на соодветни нормативни решенија кои ќе одговорат на современите предизвици и потреби на медиумите во Република Македонија.

Целиот текст на Анализата на Нацрт-законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги и приложен подолу.

CRM_Analiza na Nacrt-Zakonot za mediumi i audiovizuelni madiumski uslugi_Maj 2013