Added by on 2013-11-11

Scan Analiza na odlukite na SRD MKЦелта на анализата на работењето на Советот за радиодифузија во поглед на спроведувањето на правилата за дејствување во македонскиот медиумски простор е да се дадат насоки за можно подобрување. Ова произлегува од потребата и заложбата за доследно остварување на целта на Законот за радиодифузната дејност (во натамошниот текст: ЗРД), онака како што е определена во член 2 од овој закон.

Анализата се фокусира, пред сè, на постапувањето на СРД во поглед на повредите на одредбите од Законот што се прават од страна на радиодифузерите, како и на некои внатрешни правила на Советот.

Анализата е направена за периодот од 1 јули 2011 до 30 јуни 2013 година, односно за период од 24 месеци. Во овој период, СРД спроведува редовни мониторинзи на радиодифузерите (според неговата програма и по претставки).

Анализа на одлуките на Советот за радиодифузија (Јануари – Јули 2013)