Added by on 2014-12-11

Cover avtorsko pravo 2

Центарот за развој на медиуми подготви второ, дополнето и изменето издание на Прирачникот за авторското право и сродните права за електронските медиуми1, објавен во 2011 година како одговор на промените
во законодавството во областа на авторското право и сродните права, во медиумите и во електронските комуникации.

Прирачникот има за цел да ги запознае медиумите и медиумските работници со правата и обврските што ги имаат во поглед на содржините кои ги подготвуваат и емитуваат. Поделен е на два дела, „Поимник“ кој ги појаснува законските дефиниции и терминологија, и практичен дел со „Прашања и одговори“, во кој се нудат практични совети поврзани со реални примери од секојдневната пракса.

Прирачникот е издаден во рамките на Програмата на УСАИД за поддршка на независните медиуми во Македонија, Проект за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера.

Прирачникот е приложен кон оваа статија, како PDF документ.

Авторско право и сродни права за електронски медиуми

Категорија

Documents, MDC's Publications