Added by on 2010-06-21

Книгата „ Говор на омраза во бугарските и македонските медиуми: примери, причини и решенија“, е заеднички труд на Фондацијата „Центар за радио и телевизиска обука – Про медија“ од Софија и Центарот за развој на медиуми од Скопје.

Изданието, објавено на македонски и на англиски јазик, нуди четири есеи од македонски и бугарски автори (Јосиф Ќурчиев, М-р Елена Михајлова, Александар Кашумов и Атанас Вангели) кои се занимаваат со дискурсот на говор на омраза во македонските и бугарските медиуми, насочени кон „спротивната“ страна.

Интегрален дел од книгата се и препораките подготвени од Фондацијата БТЦ Про Медија во Бугарија и Центарот за развој на медиуми во Македонија, во рамките на проектот кој има за цел да ги анализира причините и да помогне во воспоставувањето на механизми за намалување на говорот на омраза за двете земји во нивните медиуми.

Книгата „Говор на омраза во бугарските и македонските медиуми: примери, причини и решенија“ е приложена кон оваа статија.

Govor na Omraza-Hate Speech 2010