Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), во рамките на Програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија, Проект за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера, нуди техничка помош за развој и тестирање на нови извори на приходи за информативните веб-страници.
Основната цел на техничката помош е да ги зајакне капацитетите и самоодржливоста на информативните веб-страници во Македонија.
Центарот за развој на медиуми распишува конкурс за:
Развој и тестирање на идеи за нови извори на приходи за информативните веб-страници
– Заедничко развивање на приходна линија
– Техничка и екпертска поддршка во реализацијата на приходната линија
– Унапредување на капацитетите за маркетинг и развој на содржински бизнис модели
Заинтересираните информативни веб-страници треба да:
– Постојат повеќе од 1 година
– Имаат информативна редакција
– Имаат лице или оддел задолжено за маркетинг
– Произведуваат најмалку 20 различни информативни содржини дневно за својата веб-страница
– Имаат иновативна предлог-идеја за нови извори на приходи или да се подготвени заеднички да развијат и тестираат предлози од страна на ЦРМ
Појаснување за изборот на учесниците, активностите и поддршката
– Техничка помош ќе добијат од 7 до 10 селектирани информативни веб- страници
– Техничката помош ќе се дефинира врз основа на потребите од предлог- идеите и активностите
– Периодот за тестирање на приходните линии е 6 месеци, започнувајќи од 1 септември 2014 година
– Откако ќе заврши тестирањето на приходните линии и ќе бидат анализирани резултатите од активностите, функционалните модели за нови извори на приходи ќе бидат објавени како добра практика, ќе влезат во јавниот домен и ќе бидат достапни за сите оние што се заинтересирани за нивна примена
Рокови:
– Пријавување: 15 јуни 2014
– Објава на селектираните веб-страници: 30 јуни 2014
– Почеток на тестирањето на приходните линии: 1 септември 2014
Пријава – Развој и тестирање на идеи за нови извори на приходи за информативните веб-страници
Лице за контакт:
Дејан Георгиевски
dejan@mdc.org.mk
078/483 102