Added by on 2014-04-01

Центарот за развој на медиуми, во рамките на програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Република Македонија и Проектот за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера, во периодот од 1 февруари 2013, до 28 февруари 2014 година, ги набљудуваше судските постапки, поведени според Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Овој извештај претежно се однесува на судските случаи во кои се инволвирани новинари, уредници и медиуми. Во периодот од 13 месеци, Центарот за развој на медиуми, во Основниот суд Скопје 2 Скопје, следеше 45 судски предмети на новинари, уредници и медиуми, во околу 150 рочишта.

Целиот извештај е приложен, како PDF документ, кон оваа статија.

CRM-book-cover-MKD.jpg