Added by on 2013-04-30

press freedom index 2013Меѓународната организација Репортери без граници (Reporters without Borders) го објави најновиот извештај „Слободата на медиумите во светот во 2013 година“, на 29 април, 2013 година, воочи Меѓународниот ден на слободата на медиумите – 3 Мај.

Извештајот ја рангира Македонија на 116-то место, што е пад од 22 места споредено со минатогодишниот извештај, кога Македонија беше рангирана на 94-то место.

Целиот извештај можете да го снимите на интернет страната на Репортери без граници.