Added by on 2010-05-21

Толковникот на поими за дигитална телевизија на авторите Калина Сливовска – Андоновска и Марио Макрадули е наменет за корисници со различно ниво на технички предзнаења и ги содржи основните поими од областа на дигиталното телевизиско емитување и прием.

Дигиталната телевизија е област што се движи со крупни чекори напред, што значи дека постојано се појавуваат нови нешта и поими, а главната цел на овој Толковник е да ги задоволи стручните и практично-оперативните потреби. Истовремено, Толковникот е скромен напор да се надомести безмалку целосниот недостиг на литература од ваков тип во нашата земја, но и во соседството.

Издание на Центарот за развој на медиуми, 2010 година. 93 страни. Толковникот на поими за дигитална телевизија е приложен кон оваа статија.

Tolkovnik na poimi za digitalna televizija 2010