Added by on 2014-05-21

televizor

Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги уредува правата, обврските и одговорностите на радиодифузерите, давателите на аудиовизуелните медиумски услуги по барање и операторите на јавни електронски комуникациски мрежи кои ги емитуваат или реемитуваат програмските сервиси на радиодифузерите.

Законот е донесен на 25 декември 2013 година, а подоцна два пати е изменет и дополнет, на 22 јануари и на 4 март 2014 година. Ставот на Центарот за развој на медиуми е дека Законот во голема мера ја надминува својата иницјална цел – хармонизацијата на Директивата на ЕУ за аудиовизуелни медиумски услуги со македонското законодавство.  Текстот на Законот можете да го преземете на следниот линк Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Пречистен текст