Added by on 2013-12-10

MDC_Logo mkЦентарот за развој на медиуми (ЦРМ), во рамките на  проектот на УСАИД за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера, подготви Анализа на одлуките на Советот за радиодифузија донесени во периодот од 1 јули 2011 до 30 јуни 2013 година. Анализата ја подготви Д-р. Неда Здравева.

Целта на анализата на одлуките на Советот за радиодифузија во поглед на спроведувањето на правилата за дејствување во македонскиот медиумски простор е да се дадат насоки за можно подобрување, што произлегува од потребата и заложбата за доследно остварување на целта на Законот за радиодифузната дејност.

Анализата се фокусира, пред сè, на постапувањето на СРД во поглед на повредите на одредбите од Законот што се прават од страна на радиодифузерите, како и на некои внатрешни правила на Советот.

Анализата е направена за периодот од 1 јули 2011 до 30 јуни 2013 година, односно за период од 24 месеци. Во овој период, СРД спроведува редовни мониторинзи на радиодифузерите (според неговата програма и по претставки).

Заради согледување на постапувањето на СРД во поглед на надзорот врз почитувањето на изборните правила, направена е и анализа на постапувањето во врска со спроведувањето на предвремените парламентарни избори во јуни 2011 година и на локалните избори во март 2013 година.

Текстот на Анализата на одлуките на Советот за радиодифузија е приложен кон оваа статија (во „PDF“ формат).

Analiza na odluki na SRD (juli 2011 – juni 2013)