Added by on 2011-03-24

Радиодифузерите се должни да создаваат и емитуваат програми со уредени авторски права и сродни права – категоричен е Законот за радиодифузната дејност. Според овој закон, основен во уредувањето на дејноста на електронските медиуми, еден од принципите на кои се темелат радио и телевизиските програми e почитување на авторското право и сродните пра- ва. Имајќи го предвид ова, радиодифузерите треба да имаат соодветни познавања од областа на авторското право и срод- ните права. Овој прирачник има за цел да даде основни информации за авторското и сродните права, да ги објасни поимите во оваа област и начинот на кој авторското право и сродните права се уредени во Република Македонија. Прирачникот можете да го прочитате на следниот линк: Avtorsko pravo i srodni prava za elektronski mediumi_Priracnik 2011

Категорија

MDC's Publications