Центарот за развој на медиуми, за потребите на “Програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија, Проект за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера”, има потреба од ангажирање на:
1 (еден) Координатор на правна програма
Услови: Завршен правен факултет, одлично познавање на англиски јазик, познавање на медиумската сцена и законите што се однесуваат на медиумите, познавање на меѓународни стандарди на слобода на изразување. Предност е претходно работно искуство во граѓански организации.
Обврски: Координирање на активности во рамките на програмата и тоа: истражувања, анализи, експертизи, координирање на правната помош за новинари и медиуми.
1 (еден) Асистент – монитор
Услови: Завршено високо образование, познавање на право, одлично познавање на англиски јазик, познавање на медиумската регулатива.
Обврски: Следење на процесот на спроведување на законите и работата на институциите поврзани со медиумите.
Работното време е 40 часа неделно, од понеделник до петок. Загарантирана е законска минимална месечна нето основица.
Вашата кратка биографија и мотивациско писмо не подолго од 300 зборови, испратете ги на e-маил: info@mdc.org.mk, најдоцна до 17 часот, на 25.11.2013 година.