Added by on 2024-04-01

Центарот за развој на медиуми ве поканува на панел-дискусија „Верификацијата на изворите и информациите во борбата против дезинформациите и медиумските манипулации“, која се организира во рамки на проектот „Проверка на факти пред објавување во борбата против дезинформациите“, поддржан од Амбасадата на САД.

На панел-дискусијата ќе биде претставен „Прирачникот за верификација на дезинформации и медиумски манипулации“, издание на Европскиот новинарски центар (European Journalism Centre). Преводот на прирачникот, на македонски и на албански јазик, беше подготвен во рамките на овој проект.

Говорниците на панел-дискусијата, искусни новинари и практичари во областа на проверката на факти и раскринкување на дезинформациите, ќе говорат за различни аспекти на верификацијата на информациите и проверката на фактите, како и за улогата на мејнстрим медиумите во борбата против дезинформациите.

Панел-дискусијата ќе се одржи на 3 април 2024 година (среда), од 13 до 15 часот, во хотел „Холидеј ин“ (сала Скала 1), во Скопје.

На панел-дискусијата можете да учествувате и преку онлајн-платформата „ЗУМ“, преку следниот линк.

Комплетната програма на панел-дискусијата е приложена кон оваа статија.

Агенда