Added by on 2014-05-20

newspapers

Законот за медиуми ги регулира основните начела и услови што треба да бидат исполнети од страна на издавачите на медиуми, ги дефинира поимите одговорен уредник и уредништво, правото на новинар да го изнесе своето мислење и став и да одбие да изврши налог или задача. Законот исто така ги уредува прашањата за заштита на изворот на информации, импресумот, јавноста во работата на издавачот на медиум и правото на исправка и одговор на објавена информација.

Законот за медиуми е донесен на 25 декември 2013 година, а Законот за изменување и дополнување на законот за медиуми е донесен на 22 јануари 2014 година. Ставот на Центарот за развој на медиуми во однос на Законот е дека тој е непотребен. Дел од прашањата кои ги регулира можат да бидат решени со интервенција во други законски текстови, или пак да бидат оставени на саморегулација на медиумите. Текстот на Законот можете да го преземете на следниот линк Закон за медиуми пречистен текст