Added by on 2013-08-09

MDC_Logo mkНа 16.07.2013 година во Хотел “Best Western Turist” во Скопје, Центарот за развој на медиуми одржа состанок со претставниците на политичките партии во врска со измените на Изборниот законик.

На овој состанок се дискутираше за Изборниот законик и тоа во делот кој ги регулира медиумите, како и измените кои истиот треба да ги претрпи, а се планираат околу септември 2013 година.

Покрај претставниците на Центарот за развој на медиуми, присутни беа Тони Ристов (ДОМ), Ристанка Лалчевска (Либерална партија), Илија Димовски (ВМРО-ДПМНЕ), Весна Бендевска (СДСМ), Рената Дескоска (СДСМ), Маја Морачанин (ДОМ) и Денко Скаловски (ДОМ).

Сите присутни се согласија дека се потребни измени во Изборниот законик, преиспитување на подзаконската регулатива за медиумско претставување и во таа смисла, потребно е да се отвори широка дискусија. Се дискутираше за препораките на ОБСЕ, за финансирањето на изборните кампањи, за донациите, а беше заклучено дека е потребна анализа на компаративните искуства, на досегашните искуства во Република Македонија и сериозна дебата за потребата за платено политичко рекламирање.

На крајот беше заклучено да се организира широка јавна дебата откако ќе биде изготвен документот за јавна политика од страна на Центарот за развој на медиуми, како и да се направат напори за широка присутност на политичките партии, медиумите и другите релевантни чинители.

Записникот од состанокот е приложен кон оваа статија.

Записник-состанок со пол. партии

Категорија

Активности