Added by on 2013-07-05

imagesЗдружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денес, 5 јули 2013 година, ги обвини претставниците на локалната и централната власт во Македонија за притисоците што ги вршат врз сопствениците на регионалните медиуми во Македонија со цел нивните новинари да ги зачленат во Македонската асоцијација на новинари (МАН).

ЗНМ велат дека од регионалните центри во Битола, Струмица и Штип се известени дека сопствениците на неколку регионални медиуми бараат од новинарите да потпишат пристапница на Македонската асоцијација на новинари (МАН).

Новинарите биле условени да го сторат тоа, во спротивно сопствениците им се заканиле дека ќе ги отпуштат. Објаснувањето на сите сопственици коишто го вршат овој притисок врз новинарите е дека тоа мора да го прават зошто се уценети со реклами.

„Сметаме дека овие форми на притисок претставуваат груба злоупотреба на моќта на јавните функционери со кои имаат за цел да ги заплашуваат новинарите и директно ги кршат основните човекови права, правото на слободно здружување и слободата на изразување“ велат од ЗНМ.

Целата изјава за јавност можете да ја прочитате на интернет страната на Здружението на новинарите на Македонија.

Категорија

Вести од партнери