Added by on 2025-03-23

Центарот за развој на медиуми постојано ја следи состојбата во медиумскиот систем и на медиумската сцена во Република Северна Македонија. Првенствено, следењето ги покрива активностите и работата на двете тела задолжени за спроведување на медиумското законодавство, односно регулаторното тело, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Програмскиот совет на МРТ. Исто така, ЦРМ ги следи и соодветните активности на надлежното Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА), особено во светло на неговата улога во реформите (или нивното отсуство) на медиумската сцена.

Реформите во медиумскиот сектор во државата, иако одамна препознаени како потреба, никако да почнат. Последниот неуспешен обид го вклучуваше и проектот на ЕУ, фокусиран на хармонизацијата на националното законодавство со правното наследство на ЕУ, но во втората фаза и на сеопфатна реформа на медиумското законодавство во државата.

Овој извештај, подготвен со поддршка на институционален грант од Европскиот фонд за демократија (European Endowment for Democracy – EED), го покрива третиот квартал од годината, односно периодот од 1 јули до 30 септември 2024 година. Во овој период, носителите на одлуки се занимаваа со консолидација на новото владино мнозинство, а надлежното Министерство за дигитална трансформација беше фокусирано на одвојувањето на ресорот од поранешното Министерство за информатичко општество и администрација.

Поради тоа, немаше никакви поместувања од гледна точка на медиумското законодавство или на процесот на медиумски реформи. Треба да се забележи и одредена резервираност кон новата влада, знаејќи го приодот кон медиумите на ВМРО-ДПМНЕ кога претходно ја имаше власта и кога не штедеше напори за воспоставување на што поцврста контрола врз нивното работење.

Извештајот е достапен за симнување на следниот линк:

Трет квартален извештај 2024 година