Added by on 2024-12-15

Преминот од аналогна на дигитална терестријална телевизија донесе придобивки[1] и за радиодифузерите, и за публиката/потрошувачите, и за државите, преку понудата на нови програмски и други сервиси, ослободување на капацитети и дигитална дивиденда. Тие придобивки се значајни, и покрај силниот притисок на новите дигитални сервиси, не само во кабелската и сателитската телевизија, туку особено во IPTV (Internet Protocol Television) сегментот и новите онлајн сервиси, како што се ОТТ (Over The Top, или „стриминг“ (streaming)) сервисите.

Новите дигитални сервиси постојано одвлекуваат се повеќе и повеќе публика од традиционалните платформи за потрошувачка на телевизиски содржини. Процесот на селење на публиката од терестријална кон сервисите за кабелска, сателитска или ИПТВ телевизија, сега е проследен и со паралелен процес на „преселба“ на публиката од линеарните кон не-линеарните сервиси на барање.

Во Северна Македонија, придобивките не се толку видливи затоа што врз дигитализацијата на терестријалната телевизија влијаеја постоечките законски решенија и политики. Исто така, во услови на мал и неодржлив пазар, радиодифузерите се покажаа незаинтересирани за вложувања во нови програмски сервиси или во дополнителни услуги што би ги понудиле на публиката и граѓаните.

Како резултат, граѓаните не добија никакво значајно подобрување на квалитетот на телевизиската понуда, а за други дополнителни услуги и сервиси и да не говориме.

Центарот за развој на медиуми, но и целата медиумска заедница, се принудени периодично да се навраќаат на овие две клучни прашања – ограничувањата на медиумската сопственост и политиките на распределба на достапните ресурси за емитување. Овој документ е обид да се понудат нови решенија, секако прилагодени за да ги вклучат најновите трендови во оваа област.

Документот е подготвен со финансиска помош на Европскиот фонд за демократија (ЕЕД).

Документот е достапен за снимање, во ПДФ формат, на следниот линк:

Политиката на доделување дозволи и иднината на дистрибуцијата на аудиовизуелни медиумски содржини