Центарот за развој на медиуми постојано ја следи состојбата во медиумскиот систем и на медиумската сцена во Република Северна Македонија. Првенствено, следењето ги покрива активностите и работата на двете тела задолжени за спроведување на медиумското законодавство, односно регулаторното тело, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Програмскиот совет на МРТ. Исто така, ЦРМ ги следи и соодветните активности на надлежното Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА), особено во светло на неговата улога во реформите (или нивното отсуство) на медиумската сцена.
Реформите во медиумскиот сектор во државата, иако одамна препознаени како потреба, никако да почнат. Последниот неуспешен обид го вклучуваше и проектот на ЕУ, фокусиран на хармонизацијата на националното законодавство со правното наследство на ЕУ, но во втората фаза и на сеопфатна реформа на медиумското законодавство во државата.
Овој извештај, подготвен со поддршка на институционален грант од Европскиот фонд за демократија (European Endowment for Democracy – EED), го покрива третиот квартал од годината, односно периодот од 1 јули до 30 септември 2024 година. Во овој период забележавме одредени поместувања, особено од гледна точка на одамна закочениот процес на избор на новите состави на Советот на АВМУ (но не и на Програмскиот совет на МРТ) пропишани уште со измените на ЗААВМУ од декември 2018 година. Исто така, процесот на измени на Законот за медиуми, за внес на онлајн-медиумите во регулаторната рамка, доведе до одредени конкретни активности, односно до објавување на нацрт на системот ЕНЕР за собирање на предлози и сугестии од заинтересираните страни.
Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ продолжија со своите редовни активности.
Овој извештај, иако се однесува на 4-от квартал од 2024 година, нуди и краток осврт со заклучоци од целата година во која се спроведуваше мониторингот. Исто така, побаравме од колегите од Институтот за медиуми и аналитика, краток текст со нивните ставови и мислења како соодветно да се реши прашањето на „државното рекламирање“, односно промоцијата на кампањи од јавен интерес во медиумите. Нивната кратка анализа е приложена како анекс на овој извештај.
Целиот извештај е достапен за снимање, во ПДФ форман, на следниот линк:


English


